Пронајден автомобилот и пиштолот од кој е пукано во бившиот фудбалер Дарко Ковачевиќ

748

Шокантната вест која пристигна од Грција за обидот за убиство врз познатиот српски фудбалер Дарко Ковачевиќ ја запрепасти цела спортска јавност во регионот, а медиумите од нашиот јужен сосед излегоа со нови информации за настанот непосредно по полноќ.

Самиот Ковачевиќ веќе излезе со изјава со која јасно стави до знаење дека го спасил неговиот инстинкт да се фрли кога му пришол човек од позади, а грчките медиуми тврдат дека напаѓачот се вратил назад во автомобилот бидејќи бил убеден дека го убил славниот центарфор. Грчките служби и натаму ги истражуваат причините за нападот и сигурно е дека не станува збор за фудбалска проблематика, но сега потрагата по напаѓачите ќе биде доста потешка, бидејќи сторителите речиси да не оставиле никакви докази при нападот во Глифада, Атина.

Имено, возилото од кое било нападнат Ковачевиќ било пронајдено на неполн километар од куќата на фудбалерот, а станува збор за „Смарт“ кој бил комплетно изгорен и пеплосан. Во автомобилот е пронајдено и огненото оружје од кое е пукано во Дарко, а во ситуацијата се работи за пиштол од типот „Глок“.