Авионот полетал во саботата од Џакарта кон градот Понтијанак на островот Борнео и кратко по полетувањето контролната кула изгубила контакт со леталото.
Индонезискиот тим за потрага пронашол една од двете црни кутии кои му припаѓаат на авионот на авиокомпанијата “Sriwijaya Air”, кој пред три дена се урнал во Јаванското море со 62 патници и членови на екипажот.
Како што пренесува “CNN Indonesia”, засега не е познато дали е пронајден снимачот на гласот во кокпитот или снимачот на податоци за летот.

Тимот на индонезиската морнарица ја пронашол кутијата утрово, пренесува “CNN”.

Авионот полетал во саботата од Џакарта кон градот Понтијанак на островот Борнео и кратко по полетувањето контролната кула изгубила контакт со леталото.