Научниците од Универзитетот Витватерсранд од Јужна Африка откриле дека камените колиби на периферијата на Јоханесбург во Националниот парк преку Суикерборсранд, всушност се остатоци од голема метропола.
Остатоците од напредниот град со стотина домаќинства и широка дистрибуциска мрежа изгубени во историјата, биле пронајдени со помош на ЛИДАР техногијата, која создава тридемензионална слика со активни оптички системи.
Според истражувачите, луѓето живееле во градот наречен Квененг. Судејќи по присуството на 800 домаќинства, во градот имало најмалку 10.000 жители.
Квененг наводно постоел од 15-тиот век, а во 19-тиот век жителите ја напуштиле населбата. Подрачјето на градот било околу 20 квадратни километри, додека во неговиот центар постоеле два големи оградени простори, кои заземале 10.000 квадратни метри.
Научниците мислат дека тоа биле домаќинства во кои имало голем број на стока.


