Најмалку шест лица го загубија животот во серијата на земјотреси кои утринава ја погодија соседна Албанија.
Најкритично моментално е во Драч каде предмалку спасувачките служби пронајдоа две безживотни тела, на 10-годишно девојче и 18-годишна тинејџерка. Како што пренесуваат албанските медиуми, двете тела биле извлечени од рушевините, а во градот има уште загинати.
Konfirmohet një viktimë në Thumanë. Sapo u nxorr nga rrënojat. Bëhet fjalë për një grua. RTSH #Albania #earthquake pic.twitter.com/xEarO1AW9f
— waseemlazkani (@waseemlazkani) November 26, 2019
Две жртви се потврдени и во градот Туман, на 30 километри од албанскиот главен град Тирана. Од албанското Министерство за одбрана го потврдија бројот на жртвите.
Еден човек исто така бил пронајден мртов во градот Курбин откако скокнал од терасата затоа што се исплашил од земјотресот.
Бројот на повредени според последните информации се искачил на 325 лица. Големи оштетувања се забележани ширум цела Албанија, а спасувачките служби и локалните жители цело утро се во потрага по преживеани.
Претседателот на Албанија, Илир Мета изрази надеж дека сите институции ќе реагираат соодветно и нагласи дека ситуацијата во земјата е „многу драматична“.