Зинедин Зидан ќе остане запишан во историјата на Реал Мадрид без оглед на тоа како ќе се одвива неговата кариера во иднина.
Трите титули во Лигата на шампионите и вкупно девет трофеи за 2,5 години се наследство што клубот никако нема да може да го избрише. Навивачите жалат што не остана, но тој го предвидел ова што ќе се случи и му го кажал на Перес.
Ел Паис тврди дека тој бил против продажбата на Кристијано Роналдо и купување нов голман, а сакал да се ослободи од Бејл. Му рекол на претседателот дека ако не се случи тоа, Реал нема што да бара оваа сезона. Веќе на 6 март излезе дека сето тоа е вистина.