Протече нова потресна снимка од САД: Демонстрантите во Њујорк прегазија полицаец

775

Полицаец е тешко повреден во Бронкс откако беше прегазен од автомобил кој веднаш побегна од местото на несреќата.

Според податоците на надлежните служби, полицаецот бил удрен од страна на црн седан околу 45 минути после полноќ на авенијата Волтон.

Томас Антонети од њујоршката полиција за „СиЕнЕн“ изјави дека полицаецот е во тешка, но стабилна состојба со повреди на нозете и главата. Возачот кој побегнал од местото на несреќата се уште не е уапсен.

Полицијата синоќа уапси над 200 демонстранти во Њујорк, претежно на Менхетн. Полициски службеници интервенирале исто така и во Бруклин и Бронкс каде што се случиле помали инциденти.

Инаку, полицаецот кој беше прегазен заедно со својот колега пристигнал по пријава за грабеж и вандализам, но засега не е јасно дали лицето кое го управуваше автомобилот учествувало во кражбите.