Во градот Кеноша во американската сојузна држава Висконсин полицијата реагирајќи на дојава за семејно насилство, пукаше кон афроамериканец кој со повреди опасни по живот бил пренесен во болница.
Инцидентот се случил вчера во околу 17 часот по локално време, а набрзо на местото на инцидентот се собрала поголема група на граѓани кои започнале да протестираат. Ранетото лице било пренесено во болница од страна на полицијата.
Protests are now happening in Kenosha, Wisconsin.
Hours ago, police officers shot an unarmed Black man seven times in the back. He is currently in serious condition.
No justice. No peace. pic.twitter.com/1cieSMUBbB
— Rose Movement🌹 (@Rosemvmt) August 24, 2020
Полицијата засега не објасни зошто полицајците употребиле огнено оружје, а инцидентот ќе биде истражен од страна на министерството за правосудство на сојузната држава Висконсин.
Америка ова лето сведочеше на бројни протести против полициска бруталност и расизам после трагичната смрт на 46-годишниот афроамериканец Џорџ Флојд кој беше убиен при апсење од страна на полицијата во Минеаполис.