Перспективните нуклеарни подморници од петта генерација кои моментално се проектираат, ќе бидат вооружени со балистички и против-бродски ракети.
Ова стои во документите на аналитичката управа на Советот на Руската Федерација во врска со проектот „Хаски“ за развој на најновите подморници кои ќе ги добие руската воена морнарица.
„Проектот за нуклеарна подморница „Хаски“ ќе користи модули со против-бродски и балистички ракети“, стои во документот.
За производството на подморницата е задолжено конструкторското биро „Малахит“. Според зборовите на шефот на Обединетата корпорација за бродградба, Алексеј Рахманов, првата подморница од овој проект би требало да биде изградена за седум до десет години.
Подморницата ќе биде произведена во две верзии. Првата ќе биде против-подморничка, односно ќе биде опремена со морнаричка верзија на крстосувачките ракети „Калибар“, додека другата ќе биде стратешка.
Стратешката подморница од оваа класа ќе биде вооружена со против-бродски хиперсонични ракети „Циркон“, а нејзина главна намена е борба против големи непријателски морнарички формации – носачи на авиони, универзални десантни бродови, ракетни крстосувачи и слично.