Управата за јавни приходи започна со враќањето на целиот износ на ДДВ на граѓаните кои во текот на продолжениот „Викенд без ДДВ“ на 10, 11 и 12 Октомври ги скенираа фискалните сметки преку апликацијата МојДДВ за купените македонски производи и услуги и компујутерска опрема.
Ова на својот фејсбук профил го објави директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.
Во периодот на „Викенд без ДДВ“ по овој основ беше реализиран промет од 560 милиони денари, а на граѓаните ќе им биде исплатен износ од вкупно 67 милиони денари.
Управата за јавни приходи, нагласува Лукаревска, по исплатата на средствата од „Викенд без ДДВ“ ќе пристапи кон враќање на дел од данокот на додадена вредност којшто граѓаните го оствариле во третото тримесечје за месеците јули, август и септември 2020 година.