Почетна Македонија Провокација уште на првиот ден од емитувањето на БНТ во Македонија: Гоце,...

Провокација уште на првиот ден од емитувањето на БНТ во Македонија: Гоце, Даме и сите комити биле бугари!

783

За прв пат вчераа во Република Македонија се емитуваше програмата на бугарската национална телевизија, како резултат на постигнатиот договор меѓу двете земји.

Бугарската национална телевизија и официјално од денеска зрачи територија на Република Македонија, а на самиот старт со емитувањето на програмата не изостана ниту провокацијата каде што сите македонски дејци се претставени како бугарски.

Договорот за емитување на бугарската БНТ беше постигнат кон почетокот на месец февруари, а истиот го договорија специјалниот пратеник во преговорите со Бугарија, Владо Бучковски, на средба со бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов, директорот на АВМУ, Зоран Трајчевски, како и првиот човек на Телеком, Никола Љушев.

Со договорот предвидува бугарскиот национален канал да се емитува на најгледаната платформа во земјава MAX TV, а во исто време, првиот канал на МТВ треба да стане и дел од пакетите на бугарските оператори.

Интересно е да се слушне она што точно се емитуваше на првиот ден од емитувањето на бугарската БНТ во Македонија, во продолжение погледнете еден дел од од истото, односно македонските ревулоционери беа претставени како бугарски: