Српските медиуми јавуваат за прв смртен случај од коронавирус во српската влада – починал државниот секретар.
Државниот секретар во Министерството за животна средина, Бранислав Блашиќ, починал од коронавирус, јавува B92.net повикувајќи се на неофицијални извори.
Бранислав Блашиќ е роден на денешен ден во 1957 година во Кикинда. Тој беше основач на Српската напредна партија и член на претседателството.