17-годишната манекенка Лучијана Бејнон, е ќерка на Траверс Бејнон Кендимен, богат наследник на тутунска индустрија и човек кој, благодарение на својот начин на живот, ја стекнал титулата австралиски Хју Хефнер.
Младата Лучијана прв пат проговорила за животот во луксузната вила “Кендимен Шоп”, во која покрај неа, живеат и нејзините две сестри, брат, татко и неговата сопруга и неговите љубовници.
“Се сметам за благословена што живеам во таа куќа. Меѓутоа, тоа и натаму е нормална семејна куќа. Да, тато има жена и уште неколку девојки, но ние сите сме семејство. Многу се забавуваме, но и работиме многу повеќе бидејќи имаме големо семејство. Да живееш со мојот татко е навистина забавно. Тој знае како да живее и на сите им покажува како да го извлечат најдоброто од животот”, вели таа.
“Тоа што луѓето може не го разбираат е дека мојот татко е многу старомоден и една од најважните лекции на кои не научи мене и мојот брат е дека тешката работа се исплати и дека ништо нема да дојде лесно. Затоа ми беше многу важно да почнам да работам што побрзо”, вели таа.
“Тој е окружен со убави жени, сака да ги размазува и прави да се чувствуваат добро. Мислам дека е смешно што луѓето го обвинуваат дека жените ги сведува на ниво на сексуални објекти. Што е со милионите жени кои самите објавуваат полуголи фотографии на социјалните мрежи и имаат милиони следбеници? Жените треба да имаат избор да за изразат”, вели таа.