Прва снимка од несреќата во Будимпешта: Хотелски камери го снимиле смртоносниот бродолом

1272

Најмалку седум лица настрадале во бродоломот на Дунав во Будимпешта, а се трага по 21 лице.

Патниците биле јужнокрејски туристи, а потрагата ја отежнува високиот водостој на реката. Сосема обичната обиколка на Будимпешта по Дунав се претворила во вистинска трагедија откако бродот на кој се наоѓале 32 патници и двајца членови на екипажот, по сударот со друг брод, потонал кај мостот Маргарет.

Една од камерите која се наоѓа на врвот на хотелот “Викторија” ги снимила настаните на Дунав. На видеото може да се види како во текот на вечерта се одвивал речниот сообраќај, а несреќата се случила околу 21 часот, кога едниот брод удрил во другиот.