Во сараевскиот кантон во БиХ наставата во новата училишна година веќе започна, а новинарка на „Н1“ телевизијата разговараше со едно прваче кое добро ѝ објасни како треба да се однесуваат сите во време на пандемија.
Момчето, носејќи маска на лицето ја предупреди новинарката дека не ја носи правилно својата маска. Имено, таа очигледно, како и многу други ја носи маската неправилно, односно под носот и само преку устата.
„Корона има, треба маска, не сакам да се заразам. И плус, стави ја маската на нос“, ѝ рече момчето, по што новинарката се извини и го праша дали му е јасно што значи тоа дека сите на училиште мора да бидат на дистанца.
„Да, да, можам малку и да се тргнам поради короната“, рече момчето и се оддалечи од новинарката и нејзината екипа.
Pogledajte isječak iz priloga naših kolega iz @N1infoSA gdje prvašić upozorava na držanje distance i pravilno nošenje maski. #koronavirus pic.twitter.com/j3ij2c1bdc
— TV N1 Zagreb (@N1infoZG) September 2, 2020