вие денови, гласините се на сите страни особено поради разните одложени настани како последица на сè уште активната пандемија на коронавирусот.
Не знаеме како поинаку би изгледала моменталната состојба доколку светот не беше парализиран, но е исклучително интересно да се следи секој нов детаљ поврзан за наредната генерација на конзоли и игри.
“Microsoft” веќе на големо најавува претставување на игри и “XBox Series X” конзоли за мај, додека од друга страна гласините ги откриваат и потенцијалните планови на компанијата “Sony”. Благодарение на новинар од порталот “VentureBeat” кој има извори блиски до Јапонците, откриено е дека официјалното претставување на “PlayStation 5” би можело да се одигра на 4 јуни.

Првично беше наведено дека премиерата ќе се одржи во мај, но можно е тие гласини да не биле точни или датумот едноставно да бил променет. Новинарот попознат како “Grubinator” во минатото открил неколку информации кои подоцна се утврдиле како точни, но сепак некои ги чекаат луѓето од “PlayStation” империјата конечно да проговорат.

Откривањето на новата конзола веројатно ќе се случи откако ќе бидат објавени некои ексклузиви во официјалниот магазин “PlayStation” кој треба да се појави кон крајот на мај или почетокот на јуни. Во суштина се очекува конечното претставување на дизајнот на конзолата бидејќи спецификациите, воглавно се веќе познати.
Фотографиите кои можете да ги забележите, секако, не се потврдени, но се поклопуваат со некои претходни гласини за промената на изгледот на конзолата и секако е во согласност со изгледот на контролерот чиј дизајн е значајно променет по две и пол децении.



