Во околината на Лозница, во атарот на селото Врашина, се сруши воен авион. По сведочењето на еден мештанин, за малку не удрил авионот во неговата куќа и продолжил накај Врашина. Одеднаж нагло свртил накај рудникот Врашина и практично паднал во дворот на еден мештанин Витомир Тасковиќ.
На местото на настанот пристигнала противпожарната служба, екипи на полицијата, кои го обезбедуваат местото на настанот и ги очекуваат надлежните истражни органи. Типот на авионот кој се сруши е МиГ 21.
Според неофицијални информации од местото на настанот, еден од двајцата пилоти се катапултирал и потрагата по него е во тек.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес изјави дека веста за падот на авионот ја слушнал во Истанбул и дека засега нема официјални информации од Министерството за одбрана.
„Слушнав дека имало несреќа со нашиот стар авион ‘миг 21’, се надевам дека веста не е точна, но ќе ја провериме“, рече Вучиќ.