Сирените за узбуна повеќе од еден час свиреле во Косовска Митровица, кога РОСУ извршила упад на северот од Косово и, според досега познати информации, уапсила 13 Срби, припадници на косовската полиција.
Претходно, и Министерството за внатрешни работи на Србија ги стави во состојба на целосна подготвеност специјалните и посебните едници на полицијата. Наредбата е издадена по упадот на специјалните единици на косовската полиција – РОСУ на северот од Косово.
Набрзо потоа и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, издаде наредба сите единици на српската војска да бидат во состојба на полна борбена готовност.
Граѓаните од северно Косово се собираат на плоштадот, загрижени поради апсењата. На снимките објавени на Јутјуб се забележува огромно присуство на полициски возила на улиците.