Првиот руски електричен авион: 697 коњски сили и 3 погонски мотори

733

Русите ќе го претстават првиот авион на светот со електричен мотор на Меѓународниот воздухопловен-вселенски саем „МАКС 2021“ кој ќе биде одржан од 20-ти до 25-ти јули во градот Жуковски во близина на Москва.

„Електричниот авион е заснован на принципите на суперпроводливост и развиен е со Фондот за напредни студии“, изјави заменик премиерот Јуриј Борисов.

Иновативниот електромотор на база на високотемпературни суперпроводници (HTSP) има сила од 500 kW, односно 679 коњски сили, а го произведе компанијата Superoks која е специјализирана за HTSP материјалите.

Тестирањата на овој авионски електромотор започнале на 5-ти февруари при што авионот од типот „Јак-40“ бил претворен во специјализирана летечка лабораторија.

Русите планираат новата технологија да се користи за производство на мотори и електроенергетски системи за целосно електрични авиони и хеликоптери.