Во ракописното писмо од затворот Белмарш соосновачот на Виликилс, Џулијан Асанж вели дека му е ускратена шансата да се брани и дека елементите во САД кои “ја мразат вистината, слободата и правата” сакаат тој да биде екстрадиран и мртов.
Писмото е пратено до независниот британски новинар Гордон Димак, а датирано е на 13-ти мај – десет дена пред САД да објават 17 дополнителни обвиненија по Законот за шпионажа против Асанж.
Во светлото на новите обвиненија, Димак го прочитал писмото на својот ЈуТјуб канал. Фотографија од белешките напишани со рака е објавена на интернет.
“Изолиран сум од сите можности да се подготвам за одбрана: нема лаптоп, интернет, ни компјутер, ни библиотека, но дури и ако добијам пристап, ќе биде само на половина час, со сите останати, еднаш неделно”, напишал Асанж.
“Другата страна? Суперсила која се подготвува веќе 9 години, со стотици луѓе и неброени милиони кои се потрошени за овој случај”, додал тој.
“Јас не сум скршен, иако сум буквално окружен со убијци, но деновите додека не можам да читам и зборувам и да ја организирам својата одбрана, моите идеали и моите луѓе се готови додека не бидам слободен! Сите останатите мора да го заземат моето место”, напишал Асанж.
“Владата на САД, или подобро кажано, жалосниот елемент во неа кој мрази вистина, слобода и правда, сака моја екстрадиција и смрт, наместо да ја пуштат јавноста да ја слушне вистината за која добив највисоки награди и бев 7 пати номиниран за Нобелова награда за мир”, напишал Асанж.
Новите обвиненија против Асанж ги потресле и главните медиумски куќи кои со години спроведувале напади на Виликикс, бидејќи почнале да сфаќаат дека неговото кривично гонење во суштина ќе го криминализира секое новинарство. Меѓутоа, бидејќи Асанж и Викиликс се демонизирани како агенти на Кремљ и шпиони, медиумските критики се во најголем случај пригушени.