Психологот Лабковски открива: „Мажите во брак остануваат до крајот на животот доколку жената ги исполни овие 2 услови“

643

„Човекот се заљубува во личноста, сака индивидуалност, ја почитува самодовербата и независноста“, вели психологот Михаил Лабковски.

Браковите во кои што двајца луѓе се пронаоѓаат и живеат во совршена хармонија се многу ретки. Кога зборуваме за еден таков брак, неговата долговечност најчесто се препишува на љубовта.

Популарниот психолог Михаил Лабковски вели дека љубовта во еден момент најчесто престанува дури и во најсреќните бракови, но за тие луѓе да останат во среќен и совршен брак затоа што се сакаат, важни се две работи.

„Како што поминуваат годините, така имаме помалку сила отколку во младоста, а сè што сакаме е разбирање, мир и тишина. Што е тогаш тајната на среќен брак во кој што љубовта престанала?

Ќе ви кажам – довербата, чувството на сигурност, поддршка и разбирање.

Кога ќе бидете во 40-те години од животот, овие квалитети многу ќе ви се поважни од пеперутките во стомакот и љубомората од која што боли главата.

Сигурен сум дека жената која што целата енергија ја вложувала во кариерата, финансиите и изгледот, во тие години е многу напната, што се одразува и на нејзиниот брак. Таа верува дека нејзините особини биле тоа што го чувало мажот покрај неа.

Во 40-те години жените се преизморени, затоа што поголемиот дел од времето се движат по погрешен пат.

Значи, драги дами, мажите ќе живеат со вас до крајот на животот под два услови:

1. Доколку имате за што да разговарате и

2. Не се преоптеретувате многу со неважни работи.“