ПСЖ не е хуманитарна организација: Ако Барса го сака Нејмар, мора да плати богатство

776

Сагата околу иднината на Нејмар сигурно ќе трае цело лето и никој не знае дали ќе заврши позитивно за Барселона.

Бразилецот, наводно, јасно порачал дека сака да се врати на Камп Ноу и не сака да ја продолжи кариерата во Париз, но францускиот шампион не планира да го даде бадијала. Ле Паризјен објави дека ПСЖ побарал 300 милиони евра за својот фудбалер што за 78 милиони повеќе од сумата што ја плати пред две години кога го купуваше Нејмар.

Интересно е тоа што според последното истражување на фудбалската опсерваторија во Швајцарија, вредноста на Нејмар се проценува на 124,7 милиони евра што е нешто повеќе од 40% од сумата која ја бара ПСЖ.