Пукање во училиште во Белград: Ми ги уби двајцата другари, легнав врз нив да помисли дека сум мртва

430

Почна да пука по случаен избор, легнав врз двајца наши пријатели за да помисли дека и јас сум мртва…

Со овие зборови драматичните моменти од пукањето во ОУ „Владислав Рибникар“ ги опишува ученичка од ова училиште, која присуствувала на крвавиот пир во училиштетот во Врачар. Вооруженото момче влегло на час по историја.

„Почна да пука по случаен избор, имаше два шаржери во раката, прво ја застрелал наставничката по историја, а потоа продолжи понатаму. Уби двајца наши пријатели, јас бев легната преку нив за да мисли дека сум мртва. Излезе од училницата, истрели уште се слушаа, рекло девојчето.

Според неофицијални информации, има шест мртви, меѓу кои и деца и чуварот, но бројот на загинати се уште официјално не потврден.

Најмалку 6 лица меѓу кои и повеќе ученици, наставничка и  припадник на обезбедувањето се убиени денеска во училиштето „Владислав Рибникар“ во населбата Врачар во Белград, пренесе предмалку српскиот портал Нова.рс

Убиството го извршило 14 годишно момче а според информациите на овој медиум, тој со пиштол влегол во една училница каде бил во тек час по историја и отворил оган кон учениците, откако најпрвин смртно ја застрелал наставничката.

Три деца се хоспитализирани во Детската универзитетска клиника во главниот град на Србија, од кои две се во стабилна состојба, но едно дете и натаму е во критична состојба, пренесува порталот Нова.

Неофицијално, се говори за повеќе од 10 ученици со прострелни рани кои биле пренесени во Ургентниот центар.

Прва жртва на нападот бил чуварот во училиштетот, идентификуван како Драган, кој набргу откако бил застрелан, починал од раните.

Пред училиштето „Владислав Рибникар“ биле испратени повеќе возила на Итната помош кои се обиделе да им помогнат на ранетите деца.

Откако го извршило злосторството, 14 годишното момче, исто така ученик во училиштето, побегнало но набргу потоа било уапсено од полицијата.