Според извори од истрагата, причина за пукањето била пресметка на две криминални групи, пишува српскиот весник „Информер“, а целта била да се застрела 26-годишниот А.П.
Застреланиот имал големо полициско досие, а покрај него застрелан беше и Д.Л. (21) државјанин на Македонија.
„Ранетиот А.П. кој бил цел на нападот се барал и со потерница бидејќи избегнал да оди на издржување на затворската казна на која е осуден. Тој има досие за грабежи, насилничко однесување и дилање дрога“, пишува „Информер“.
Претходно, во полициска аакција оперативци на криминалистичката полиција го идентификуваа, лоцираа и уапсија Н.Ѓ. (20) кој стои зад нападот.
Тој се товари за сторени кривични дела тешко убиство во обид и недозволено изработување, држење, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи.
Според наредбата на Вишото јавно обвинителство во Белград, на осомничениот напаѓач му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде изведен пред обвинител.