Путин денес наполни 67 години, а еве како го прослави роденденот

940

Рускиот претседател Владимир Путин денес го слави својот 67-ми роденден, а портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков откри како шефот на државата ќе го прослави роденденот.

Путин во пресрет на неговиот роденден беше на одмор во руската тајга на Сибир во друштво на министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу. На снимките може да се види како двајцата политичари шетаат низ планините и собираат печурки.

Како што откри Песков, после прошетката со Шојгу низ тајгата, Путин денес ќе го прослави својот роденден во друштво на своето семејство и најблиски пријатели.

Прикажано е како Шојгу сече цела грмушка со јагоди, а Путин се пошегува дека тоа ќе го засади во неговата градина, по што Шојгу одговори дека за таквата билка е потребна поинаква клима.

Еден човек од нивната придружба го праша Шојгу дали воздухот во Москва може да биде така чист каков што е во тајгата.

„Тоа не е прашање за мене, туку за претседателот“, одговори Шојгу, на што Путин додаде: „Треба да се тежнее кон тоа, во секој случај“.