Путин и Ким се “зазбореле”: Средбата на двајцата лидери зад затворени врати траела двојно повеќе од предвиденото

1252

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјавил дека разговорот во четири очи со севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во Владивосток бил темелен.

Како што рекол, со Ким разговарал за билатералните односи, моменталната ситуација и перспективите на нивниот развој.

“Разговаравме за ситуацијата на Корејскиот полуостров и разменивме мислења за мерките кои треба да се преземат за да се подобри ситуацијата”, рекол Путин.

Ким рекол дека неговиот дијалог со рускиот претседател Владимир Путин бил конструктивен, и дека ќе продолжи да биде таков.

“Се надевам дека нашите преговори ќе продолжат во иста насока, како плодни и конструктивни”, рекол Ким.

Состанокот на Ким и Путин траел околу два часа, двојно повеќе од предвидените 50 минути. Во тек е состанок на делегации на двете држави кој се одвива на сојузниот универзитет во Владивосток, на крајниот исток на Русија.

Ова е прва посета на Русија на Ким и негова прва средба со Путин.