Авионот на рускиот претседател Владимир Путин од типот „Ил-96-300ПУ“ чини над 500 милиони долари и е опремен со најнапредна технологија.
Напредната технологија и луксузните елементи овој авион го прават вистинска летечка палата, а авионот исто така игра улога на команден центар во случај на некој неочекуван напад.
Од надвор авионот на Путин изгледа како и секој нормален патнички авион, иако по димензии е нешто поголем. Сепак, во внатрешноста, претседателскиот авион на Руската Федерација е опремен како вистински луксузен хотел.
Распонот на крилата изнесува 65 метри, исто колку што е и долг, а максималната тежина која што може да ја понесе изнесува 270 тони.
Внатрешноста на авионот е декорирана во неокласичен стил, светли бои, со многу бела кожа и златни додатоци.
#ANCNEC #SONA2018
4-engined Ilyushin Il-96-300PU Pres jet, Reg RA-96022, call AirForce 1 made U-turn into Russia airspace. #NuclearDeal pic.twitter.com/BRCV0PJRCk— Motho Mothong? (@maxwellmothlake) February 6, 2018
Инаку, рускиот претседател располага со четири идентични авиони. Од безбедносни причини, пред самото патување се бира во кој авион ќе лета рускиот претседател, а тој податок им е познат на многу мал број на луѓе.
Преостанатите три авиони исто така полетуваат и се движат на истата рута со авионот во каде што се наоѓа Владимир Путин.