Путин: Се гледа позитивно придвижување, има напредок во преговорите

658

Двајцата претседатели разговараат за руската инвазија на Украина, но и за санкциите кои Западот им ги наметнал на земјите.

Еден од последните сојузници на Путин, белорускиот претседател Александар Лукашенко, пристигнал на состанок со Путин во Москва.

Двајцата претседатели разговараат за руската инвазија на Украина, но и за санкциите кои Западот им ги наметнал на земјите.

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот изјавил дека е постигнат во одреден напредок во преговорите на Москва со Украина, но не изнесувал детали.

„Има одредени позитивни придвижувања, велат преговарачите од наша страна“, рекол Путин на состанокот со Лукашенко, додавајќи дека разговорите продолжуваат практично на дневна база.

Путин исто така му се заблагодарил на Лукашенко за електричната енергија за Чернобилската електрана, пишува “РИА Новости”.

Ги коментирал и санкциите и рекол дека и претходно успеале да се носат со тие препреки.

„СССР живееше под тие санкции, се развиваше и оствари голем успех…Дури и по 90-тите, санкциите против Русија останаа“, рекол тој и додал дека санкции отвораат и можности за нивните земји.