Путин збеснал, некој мора да одговара за ова: Бура го оштетила рускиот ракетен систем, за малку ќе завршел во водите на Ламанш

1066

Руската државна компанија за извоз на оружје „Рособоронекспорт“ поднела тужба против компанијата „Балтик Транспорт“ поради оштетувања на проектилите на „С-400“ ПВО системот при транспорт до Кина преку море.

Од руските компании не открија повеќе детали околу случајот. Проектилите биле оштетени во бурата при транспортот во Кина во јануари 2018-та година. Ракетните системи „С-400“ биле натоварени во три брода, од кои еден од нив бил погоден од силна бура додека пловел низ каналот Ламанш, по што морал да се врати назад.

За време на бурата, опремата за монтажа пукнала, по што некои од проектилите биле сериозно оштетени. Капетанот одлучил да го врати бродот во Русија. Бродот инаку превезувал и командна табла, радарска станица, електрична и помошна опрема, резервни делови, алати и други елементи од ракетниот систем.

Директорот на руската компанија „Ростек“, Сергеј Чемезов на 18-ти февруари потврди дека оштетените проектили биле уништени и биле произведени нови. Како што пренесуваат руските медиуми, оштетувањата нанеле загуба од околу 2 милиони евра.

Инаку, договорот за испорака на најмалку шест ракети за системот „С-400“ кој што Русија го има со Кина се проценува на околу 3 милијарди долари. Станува збор за против-авионски наведувани ракети кои што можат да погодат авиони на висина до 27 километри, како и балистички проектили на висина до 25 километри.