Воглавно, сексот се нема променето, но иако можеби ги знаете основните работи, постојат уште многу нешта за кои треба да бидете свесни.
Всушност, незнаењето за сексот и сè поврзано со него може да биде главната причина не само за лош секс, туку и за полово преносливи болести или несакана бременост.
За таа цел, погледнете ги работите што секој секс терапевт би сакал да ги знаете:
Треба почесто да зборувате за секс
Факт е дека премногу луѓе сметаат дека не треба да зборуваат за секс, ниту со нивниот партнер. Но, ова е најдоброто нешто што можете да го направите за вашиот сексуален живот.
Со отворен разговор, и вие и партнерот ќе знаете што сакате, а што не ви се допаѓа. Истовремено, ќе ја зголемите и вашата самодоверба.
Вагината е орган што се чисти сам
Денес постојат безброј дезодоранси, парфеми, шампони и што уште не што им ветуваат на жените дека ќе се чувствуваат „свежо“, „чисто“ или „убаво“.
Проблемот е што повеќето жени не сфаќаат дека вагината е орган што се чисти сам, а нанесувањето парфеми и слични средства може само да предизвика штета.
Освен ако немате некаква инфекција, сапунот и водата се единственото нешто што ви е потребно да ги одржите здравјето и чистотата на вагината.
Нормално е вагината да има специфичен вкус и мирис
Како што вели еден секс терапевт:
„Вашата вагина не е овошје или слатка и не треба да има таков вкус. Ако се обидувате да ѝ дадете каков било вкус на вашата вагина, можете да си наштетите.“
Вашата цел треба да биде да го одржите здравјето на вагината, а и мажите и жените треба да бидат свесни дека вагината секогаш ќе има специфичен вкус и мирис.
Доколку, пак, чувствувате лош мирис, тогаш најверојатно причината е некој проблем и најдобро е да се консултирате со гинеколог.
Порнографијата не е реална слика за сексот
Секој порно актер или актерка ќе ви каже дека она што го гледате во порно филмовите, не е реална претстава за сексот.
Сепак, ова се само филмови, зад кои има цел тим стилисти, шминкери, сценаристи, па дури и компјутерска анимација.
Што значи, порно филмовите воопшто не можат да го заменат сексуалното образование.
Можете да „закачите“ сексуално пренослива болест и со орален секс
Многу луѓе веруваат дека за да се пренесе некоја полова болест, потребна е пенетрација. Но, ова не е точно.
Многу сексуално преносливи болести, како и разни инфекции, можат да се пренесат преку орален секс. Затоа, ако сте со нов партнер, користете заштита и во овој случај.
Жената може да забремени во секој ден од месецот
Секоја жена има „плоден прозорец“, односно неколку денови околу овулацијата кога има најголеми шанси за бременост. Но, ова не значи дека останатите денови бременоста е невозможна.
Причината е што најпрво, жената не може да биде целосно сигурна кога овулира. Истовремено, некои жени можат да овулираат и двапати месечно, што значи повеќе плодни денови.
Не заборавајте дека сперматозоидите можат да преживеат и до 5 дена во женското тело, па понекогаш жената останува бремена дури и ако имала секс пред денот на овулација.
Не постои 100% безбеден секс
Секогаш треба да ги преземете сите мерки за да се заштитите од болести и несакана бременост. Но, факт е дека никогаш не можете да бидете 100% сигурни, па не ги испуштајте редовните прегледи на лекар.
Мора да постои обострана согласност
Едно од најлошите верувања поврзани со сексот е дека едноставно „ќе познаете“ ако некој сака да има секс со вас.
Но, без разлика какви сигнали добивате од другата личност, сè додека не добиете вербална согласност, најдобро е да не продолжувате понатаму.
Денес луѓето имаат помалку секс
Сè повеќе луѓе отворено зборуваат за сексот, но на големо изненадување на сите, едно истражување покажало дека луѓето денес имаат помалку секс од минатото.
Наводно, се зголемила и возраста за првиот секс, па повеќето луѓе го имале првото сексуално искуство после 18-тиот роденден.
Истовремено, истражувањето покажало дека од 54%, бројот на средношколци кои имале секс е намален на 40%.
Лубрикантот е неопходен за анален секс
Аналниот секс сè уште е табу-тема, но доколку уживате во него, важно е да го изведете правилно.
Лубрикантот е неопходен во овој случај, бидејќи за разлика од вагината, аналниот отвор не се навлажнува самиот. Со користењето лубрикант ќе ги избегнете можните повреди, но и многу повеќе ќе уживате во аналниот секс.
Здравата сексуална врска бара работа
На повеќето луѓе не им е тешко да имаат секс, она што е тешко да се добие е добриот секс.
Важно е да знаете дека за да изградите здрава и исполнувачка сексуална врска, мора да поработите на тоа.
Многумина веруваат дека штом се сакате со партнерот, добриот секс нема да изостане. Но, ова е друг аспект од вашата врска и мора да соработувате за да го постигнете она што го сакате.
И мажите можат да имаат ниско либидо
Популарната култура нè тера да веруваме дека мажите се секогаш подготвени за секс. Ова е стереотип што им штети на сите мажи и момчиња.
И мажите имаат емоции кои можат да влијаат врз нивната желба за секс. Истовремено, можат да се соочат и со физички пречки, како замор, болест или одредени лекови.
Мажите, но и жените, треба да се свесни дека само затоа што еден маж не е секогаш расположен за секс, не значи дека не е мажествен или непривлечен.