Радио телевизија Црна Гора: Институциите во Македонија пример за одговорност во регионот

147

Додека во другите земји јавноста се соочува со фрустрација поради бавното делување на институциите, Македонија покажа како треба да функционира одговорен систем – брза реакција, јасен став дека нема да има толеранција за неодговорност и подготвеност веднаш да се превземат мерки за заштита на граѓаните, пишува РТЦГ.

Македонската влада со брза, навремена и посветена реакција, по трагедијата во Кочани, покажа пример за одговорност за регионот и земјите од ЕУ. Додека во некои земји од регионот жртвите и нивните семејства со години ја чекаат правдата, Македонија покажа дека институциите можат да делуваат брзо и одлучно, пишува РТЦГ.

Медиумот истакнува дека, по трагедијата во Кочани, каде во пожар животот го загубија 59 лица, властите веднаш ги превземаа неопходните мерки – истрагата започна без одложување, одговорните се уапсени, а помош за жртвите и нивните семејства е организирана на највисоко ниво.

-Во регионот често сме сведоци на долготрајни процеси, каде институциите со месеци, па дури и со години, не носат конкретни одлуки. Во Македонија, за разлика од тоа, правдата не се одложува – одгоорност се утврдува веднаш, а институциите покажуваат целосна посветеност, транспарентност и почитување и законитост. Посебно внимание заслужува брзината на спасувачките тимови – медицинските екипи на местото на несреќата пристигнале во рекордна брзина, а државните болници обезбедија итна и најквалитетна нега за повредените.

Додека во другите земји јавноста се соочува со фрустрација поради бавното делување на институциите, Македонија покажа како треба да функционира одговорен систем – брза реакција, јасен став дека нема да има толеранција за неодговорност и подготвеност веднаш да се превземат мерки за заштита на граѓаните, пишува РТЦГ

Во пожарот во Кочани, која се случи ноќта меѓу саботата и неделата, животот го загубија 59 лица.