Рај за очи: Погледнете ја најубавата плажа во Европа за оваа година

617

Светски познатиот портал „Trip Advisor“ секоја година доделува признание „Travellers’ Choice“ на одредени дестинации, во зависност од рецензиите, оцените и коментарите кои претходната година ги добил од посетителите.

Така е откриено дека најубавата плажа во Европа за 2020-та година се наоѓа на Сицилија.

Плажата под името „Spiaggia dei Conigli“, позната и како Rabbit beach, се наоѓа на островот Лампетуза, кој инаку се смета за едно од најубавите места во цела Италија.

Прекрасните сини нијанси на морската вода и долгите песочни плажи неодоливо потсетуваат на убавината на Карипското море, па затоа „Spiaggia dei Conigli“ заслужено победи во оваа категорија.

После „Spiaggia dei Conigli“, следат – плажата „Kleftiko“ на грчкиот остров Милос, плажата „Luskentyre“ во САД, „Te Playa de Ses Illetes“ и „La Concha“ во Шпанија.