Рајско езеро во Турција чии тајни ги проучува и NASA ќе ве маѓепса

626

Салда е идеалното прибежиште за оние кои што сакаат да побегнат од жешкото лето, а притоа да ја искусат добробитта на лековитата кал и да уживаат во нереалниот крај.

На земјата нема многу места каде што можат да се видат најстарите „живи фосили“, познати како строматолити кои што даваат увид во еволуциската историја на планетата.

Интересните облици чие име потекнува од збор за подлога и карпа, се едни од првите физички докази за постоењето на живот. Строматолитите даваат назнаки како Земјата можела да изгледа милијарди години претходно, кога фосилите настанале.

Најстарите строматолити на светот се наоѓаат во западна Австралија и стари се околу 3,5 милијарди години, но тие интересни облици можат да се видат и многу поблиску – на островот Парга или пак на т.н. „турски Малдиви“, на езерото Салда.

Турските и американски научници кои што го истражувале крајбрежјето на езерото Салда, откриле дека седиментите се формираат со помош на микроби, а експертите од NASA откриле наслаги од камен и минерали кои што ги проучувале на крајбрежјето на езерото, а како тие да потсетуваат на тоа што „Perseverance“ може да го пронајде на Марс.

Иако се нарекува „турско Малдиви“, кај вулканското езеро не треба да се очекуваат високи температури.

Салда се наоѓа на височина од 1.160 метри, па е идеално за оние кои што сакаат да побегнат од топлото лето, а притоа да го искористат добробитот на калта која што е лековита и се препорачува за оние со дерматолошки тегоби и болести.