Албанскиот премиер Еди Рама на самитот на бледскиот стратешки форум му се обрати на бугарскиот претседател Румен Радев ,,Sакам да ја искористам можноста и да му кажам на претседателот на Бугарија, ве молам, вие Бугарите, не бидете толку европејци, бидете малку балканци рече Рама .
-Отворете го патот за разговор. Дозволете ни да преговараме со нив, а потоа можете да бидете балканци и да бидете цело време на патот и да кажете не – ние блокираме овде, блокираме таму, но, ве молам прво отворете го патот, додаде рама во обраќањето.На овој панел вчера учествуваше и премиерот Зоран Заев, комесарот за соседство и проширување на Европската унија Оливер Вархеји, претседателот на Европскиот Совет, Мишел и претседатели на балканските земји и други.