Раперот Жарко Масларковски денес на суд за истакнување на македонското знаме

665

Раперот Жарко Масларковски од дуото „Пука козметика“ на својот фејсбук-профил објави дека утре е на суд за констатирано нарушување на јавен ред и мир, односно „неовластено истакнување на знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон”.


„Другари и другарки!

И овој пат јас ја барам само вашата морална поддршка за моето судење кое ќе се одржи денес во 09:20. Со мојот адвокат побаравме на судењето да присуствува и полицискиот службеник кој ги констатира прекршоците за јавен ред и мир на организирана прослава за шампионската титула на Р.К. Вардар, како и поинтересниот прекршок, носење на Македонското знаме на сопствен грб. Се додека системот не опресира, желбата за слобода и правдина е разгорена и голема. Да живее Македонија!!!” – напиша тој на својот профил.