Раскол во НАТО околу нападот на Иран: Европска членка го повлекла својот брод од ударната група, мотивот засега е тајна

1017

Шпанија вчера соопштила дека привремено ја повлекла фрегатата од борбената група на чело со САД во Персискиот залив, што укажува на дипломатските разлики меѓу Европа и Вашингтон во односот кон Иран, јавува “Reuters”.

Шпанското Министерство за одбрана не ги навело причините за повлекувањето на фрегатата “Мендес Нуњес” со 215 морнари, а според зборовите на портпаролот, вршителот на должноста министер за одбрана Маргарита Роблес подоцна денес ќе ги објасни мотивите.

САД пратиле носач на авиони и бомбардери B-52 на Блискиот исток, како одговор на наводните закани на Иран за американските сили во регионот.

Американскиот претседател Доналд Трамп, исто така, сака да го пресече извозот на нафта за да изврши притисок на Техеран да го сопре својот нуклеарен програм.

Додека Европската унија ја дели загриженоста на САД поврзана со делувањето на Иран во Сирија, таа го поддржува нуклеарниот договор со Техеран од 2015-та година, од кој Трамп ги повлекол САД.