Раскошниот пентхаус на Џорџо Армани со поглед кон Централ Парк го одзема здивот

655

Легендарниот моден дизајнер Џорџо Армани станал сопственик на цел спрат во историската зграда на Менхетен со поглед кон њујоршкиот Централ Парк.

Според пишувањата на “Wall Street Journal”, 85-годишната модна икона поседува приближно 300 квадратни метри простор во кој се наоѓаат четири спални соби и четири купатила. Цената на пентхаусот изнесува 17,5 милиони долари, а претходниот сопственик бил Џон Легере, извршниот директор на Т-Мобиле.

Апартманот кој датира од 1929 година бил на продажба од февруари 2018 година, а истиот е дизајниран од страна на познатата архитектонска компанија “Schwarts and Gross” и редизајниран од студиото “SheltonMindel”. Резултатот на модернизацијата е неоренесансниот стил со елементи на бозар.

Високите плафони и мозаиците на прозорците му даваат на просторот црковен изглед, а за тоа дополнително придонесуваат и античките лустери и вградените полици.

Помеѓу бројните погодности на станот се и вратар, фитнес центар, играчница за деца и складиште, а посеен аспект од приказната има историјата на овој простор.

Поединечни извештаи говорат дека апартманот своевремено бил во сопственост на магнатот Вилијам Рандолф Хертс и неговата сопруга Марион Дејвис. Архитектот на Легере, Ли Миндел, наводно ги пронашол нејзините иницијали врежани во каминот, како и портрет од жена која наликува на неа.