Растението кое мора да го имате – Велигденски кактус

1227

Велигденскиот кактус цвета на крајот на зимата и во рана пролет. Велигденскиот кактус има ливчиња распоредени во совршен венец. Цветовите можат да бидат во разни бои. Ова растение треба да се чува на силна, но не на директна сончева светлина. За разлика од пустинските кактуси, тоа сака пониски температури, дури и преку ден.

Почвата треба да биде малку влажна и да ја оставите да се исуши пред повторно да го наводнувате кактусот. Квалитетната грижа за велигденскиот кактус вклучува и пресадување на растението на секои две години, во пролет. Потоа, заменете ја почвата, но вратете го растението во истата саксија.

Ако вашиот дом е сув, обезбедете му влага ставајќи го на чинија наполнета со камчиња и со малку вода. Испарувањето ќе го навлажни воздухот околу растението.

Ако добро се грижите за растението, ќе имате здрав зелен кактус. За да процвета, потребни се ниски температури и долги ноќи. Ако сакате да видите цветови, мора да бидете малку груби кон растението, односно пожелно е малку да го запоставите во постудените месеци. Прво престанете да го храните кактусот, а потоа преместете го на темно место по 12-14 часа во текот на денот. Пупките се формираат најдобро кога температурата е околу 10 Целзиусови степени.

Од октомври до ноември, наводнувајте го растението поретко. Во декември, можете да го преместите на потопло место каде што температурите се движат од 16 до 18 Целзиусови степени. Растението може да почне да цвета веќе во февруари, но циклусот на цветање обично започнува во март, а растението може да ве наградува со убави цвеќиња до мај.