Растурена забава во Волково, кај ди-џејот била најдена дрога

980

Синоќа пред полноќ во викендица во скопско Волково, полицијата по претходно добиени оперативни сознанија  полицијата дека се одржува приватна забава, ги лишиле од слобода Б.К.(24), сопственик на викендицата, и уште 28 лица, меѓу кои и ди џејот (35) од Скопје.

Тие се сомничат дека сториле кривично дело „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

При претрес кај ди џејот била пронајдена и прашкаста материја.