Разделбата се поверојатна: Интер ќе ја намали откупната клаузула за да го продаде Икарди

820

Раководството на Интер е подготвено да ја намали откупната клаузула за Мауро Икарди со цел да го продаде на крајот од оваа сезона.

Двете страни не можат да се договорат за продолжение на соработката, а од на ден е поголема тензијата во екипата како последица на тоа. Откупната клаузула на Икарди изнесува 110 милиони евра, но таа важи само за јуни и за клубови надвор од Италија.

Сепак, „нераѕурите“ планираат да попуштат и да го продадат Икарди за 80 милиони евра ако стигне таква понуда на нивна адреса.