Разголена ревија: Манекенките трпеле болка додека ги одлепувале самолепливите ленти

1275

“Ги советувам девојките да не излегуваат во вакво издание бидејќи ќе настинат”, се пошегувал дизајнерот Џоел Алварез кој го нарекуваат “Крал на самолепливите ленти”. Тој е првиот дизајнер кој не ги облекува манекенките, туку ги “лепи”, а неговата последна ревија била на њујоршката модна недела.

Манекенките ги прошетале неговите “лепливи” креации на модната писта, а облеката ја замениле со црна самолеплива лента која уште минатата година стана хит во Америка, откако Алварез го започна проектот наречен “The Black Tape Project”. Џоел пред ревиите ги соблекува моделите и со часови им лепи црна лента на нивните гради, брадавици и интимни делови.

“Немам однапред осмислен дизајн. Кога ќе ја видам девојката, нејзиниот облик на телото и облините, тогаш одлучувам какви облици ќе сечам и се фрлам на работа”, објаснил тој. Неговите снимки на “облекување” на манекенките кои ги објавува на социјалните мрежи понекогаш имаат и над 120 илјади прегледи.

“Најголем проблем е тоа што девојките мора да трпат болка додека ја одлепуваат самолепливата лента “таму доле”. Мора да бидете храбра жена за да дозволите некој да ви го направи истото што јас им го правам на нив”, изјавил Џоел.

“Некои ме сметаат за пионер во ваквата уметност. Поради тој мал изум успеав да пропатувам низ повеќе од 36 земји, а бројката секојдневно расте. Дури имав прилика да работам со режисери и сниматели како што е Рик Рос и со некои од најдобрите диџеи на светот”, се пофалил дизајнерот.

Освен црна, тој користи самолепливи ленти во златна и сребрена боја, а размислува да оди чекор понатаму и за прв пат да употреби и проѕирна лента.