Разликата помеѓу Обама и Трамп е јасна и преку нивните твитови за Нотр Дам

809

Светот вчеравечер беше во неверување додека париската катедрала Нотр Дам ја уништуваше пожарот, со кој пожарникарите се бореле повеќе од 12 часа.

Францускиот претседател Емануел Макрон, пред полноќ им се обрати на медиумите и веќе најави повотрно градење на Нотр Дам, а реакции пристигнуваат од сите страни на светот.

И други светски лидери вчеравечер им изразија жалење на Французите, вклучувајќи ја Тереза Меј, Џастин Трудо, Лео Варадкар и Доналд Трамп. Поранешниот претседател на САД, Барак Обама исто така се огласи, нарекуајќи ја Нотр Дам „едно од најголемите светски богатства“, со фотографија од своето семејство во познатата катедрала.

Од друга страна, Доналд Трамп го понудил своето размислување за тоа како пожарот треба да биде изгаснат, а тоа на многумина на социјалните мрежи не им се допаднало.

За почеток, Трамп напишал дека за гаснење на пожарот требало дс се користат „летечки водени танкери“, што всушност, како што објасниле експертите, би предизвикале поголема штета од самиот пожар.

Во разговор за „CNBC“, пензионираниот њујоршки шеф на пожарникарите, Вајн МекПартланд, додал: „Доколку истурите еден тон вода од воздух, тоа само ќе ја уништи целата структура и ќе ја влоши ситуацијата.“

Твитер екипата потоа се прашала што се всушност летечки водени танкери, а некои многу брзо се потсетиле дека Трамп пред неколку месеци исто така ја споделил својата „експертиза“, кога станува збор за пожарите. Тогаш тврдел дека за нив е виновно лошото управување со шумите, поради што пожарникарите многу остро му одговориле.