Во јужниот дел на Грција ноќеска беа регистрирани неколку земјотреси. Најсилниот од нив, 6,8 степени според Рихтер бил почувствуван и во Македонија, Албанија и Италија.
Првиот земјотрес бил регистриран половина час по полноќ бил со јачина од 5,1 степен, а најсилниот бил неколку минути пред еден часот рано утрово, со интензитет од 6,8 степени.
Епицентарот на земјотресите е на педесетина километри југозападно од Закинтос на длабочина од 10 и 12 километри.
Грчките медиуми јавуваат дека снабдувањето со електрична енергија на островот било прекинато, имало материјални штети, а исплашените жители излегле на улиците. Засега нема подетални информации за евентуално повредени.
По овој земјотрес следеле серија на силни послаби земјотреси:
Дел од светските медиуми известија дека крајбрежната стража во Грција предупредила дека е можна појава на еден вид “мини цунами” во крајбрежните области кои се погодени од земјотресот:
Еве и некои слики кок проструија во светските медиуми од местата погодени од земјотресот: