Разводот на Адел ги шокираше сите – Исплива долго чувана тајна за нејзиниот брак, а веќе има и нов дечко?

923

Пејачката Адел и нејзиниот сопруг Сајмон се разведоа после осум години брак, а се шушка дека пејачката веќе пронашла утеха во друг маж.

Како што наведуваат странските медиуми, после објавата за разделба најпрвин е откриено дека Адел и Сајмон со години живеат одделно, но оваа информација ја држеле во строга тајност, а сега пејачката наводно е видена во Њујорк како се бакнува со друг маж.

Фото: Профимедиа

Извор близок до пејачката открил и дека Адел често оди на состаноци со мажи, но на пријателите им кажала дека не сака сериозна врска затоа што е посветена на воспитување на синот кој го доби од бракот со Сајмон, пишува „Дејли меил“.