Реал Мадрид, по се изгледа го обезбеди првото посериозно засилување за следната сезона.
Играчот за врска на Монако, Аурелиен Чуамени ги договорил деталите со “кралскиот клуб” и од следната сезона ќе настапува на “Сантијаго Бернабе”. За услугите на 22 годишниот французин беше заинтересиран и Ливерпул но, по се изгледа дека нивниот противник во годинешното финале на лигата на шампионите ќе ја добие оваа битка надвор од теренот.
Се работи за еден од најмладите дебитанти во дресот на “триколорите”. Веќе има 8 настапи за сениорската репрезентација и еден погодок. Договорот на Чуамени со Монако е во важност до 2024-та година. Според последните информации тимот од Мадрид ќе плати околу 80 милиони евра.
Димитар Младеновски