РЕЦЕПТ КОЈ ЌЕ ГО ОБОЖАВАТЕ: НАПРАВЕТЕ ЧОКОЛАДНИ ПАЛАЧИНКИ ЗА ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО

509

На Јутјуб каналот „The Cooking Foodie“ објавија интересен рецепт за да направите чоколадни палачинки – појадок или десерт што ќе му се допадне на целото семејство.

Дополнително, ви претставуваме рецепт на познатиот готвач Џејми Оливер за палачинки со кој нема одделување на белките од жолчките, нема мерења и специјални состојки, сè е во една бројка.

Состојки: – една шолја брашно – една шолја млеко – едно јајце – една лажица прашок за пециво

Подготовка: Изматете ги сите состојки и премачкајте ја тавата за палачинки со две капки масло, а потоа ставете го шпоретот на тивок оган. Кога ќе се загрее, ставете три лажици од смесата и печете. Кога по краевите ќе почнат да се појавуваат ‘меурчиња’, свртете ја палачинката и печете додека не добиете златеникава боја.

Сервирајте со јаворов сируп, овошје и мед, боровница и слатка павлака. Вака подготвените американски палачинки може да се јадат и во солена комбинација.