Во земјава е регистрирана првата смрт на здравстветен работник, како последица од коронавирусот.
За ова преку соопштение информираат од Фармацевтската комора на Македонија, од каде кратко посочуваат дека комората загубила почитуван член, фелата драг колега, а пациентите посветен здравствен работник.
Од таму не го соопштуваат индентитетот на починатиот, но изразуваат длабоко сочувство до неговото семејство и до најблиските.
Повеќе информации за овој случај се очекуваат по објавувањето на дневниот извештај од страна на Министерството за здравство.