Реисот Сулејман Реџепи се ожени со 24-годишна девојка, 50 години помлада од него, еве како изгледа

784

Реисот Сулејман Реџепи кој 4 години беше сингл, одлучил повторно да се жени, пишува во објавата на „Шкупи Нисма“ на социјалните мрежи, која ја пренесуваат и дел од медиумите на албански јазик.

Неговите 74 години не го спречија Сулејман Реџепи да создаде нова лубовно-брачна врска со 50 години помлада девојка. Џематот ни сподели и повеќе информаци, но ние нема да се занимаваме со приватноста на никого. Му посакуваме живот како што заслужил – пишува во објавата на „Шкупи Нисма“ на Фејсбук, кој постојано ги критикува политиките на ИВЗ.

Порталот „ШќипМедиа“ контактирал со објавувачот на информацијата, кој ја потврдил веста и додал дека утре ќе објават и фотографи од новата невеста на Реисот.

е ожени поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ) Сулејман Реџепи.

На социјалните мрежи се споделуваат фотографии од венчавката, која се одржа во пресрет на празникот Рамазан Бајрам.

Новата сопруга на Реџепи е Емина Јетиши од Скопје, која е дел од огранокот на ДУИ во Студеничани.