Нема агенција која што ќе им признае на туристите дека Таџ Махал е преполн со ѓубре, а египетските пирамиди ги покрива облак од чад поради палењето на отпадот…
Филтери, кадри и фотомонтажа – со само неколку кликови ја претвораат неугледната реалност во кралица на убавината, што понекогаш знае да им зададе главоболка на туристите кои што потрошиле многу пари за да отпатуваат на другиот крај на светот и потоа да се разочарат со целосно поразлична сцена од прикажаната.
Не се ниту туристичките агенции толку „луди“ на своите клиенти да им ја покажат реалната дестинација, едноставно поради тоа што така никој нема да сака да отпатува таму.
Тоа што нешто не е како што сме замислиле, не значи дека нема да отпатуваме некаде или пак ќе престанеме да ја истражуваме убавината на светот, но добро е секогаш да се знае реалната слика за местото кое што сакаме да го посетиме.