РЕМЕНСКИ: Локалните избори уште еднаш ќе бидат одложени

1400

Фросина Ременски, поранешна пратеничка и министерка од редовите на СДСМ, вели дека би можела да се обложи дека локалните избори во земјава, кои се најавени дека ќе се одржат н 24 или 31 октомври, ќе бидат одложени уште еднаш, но причината, како што вели, нема да ја каже сега.

„Можам да се опкладам дека локалните избори ќе бидат одложени уште еднаш, освен договореното одложување од вчера, но не заради Ковид 19.

Зошто? Да не расипувам расположение, ќе објаснам наскоро“, пишува Ременски на својот фејсбук статус.

Како што е познато, вчера беа поднесени до Собранието измените на Изборниот законик во којшто се предвидува употреба на терминали за отчитување на отисок од прсти на локалните избори со поддршка на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијанса на Албанците и Алтернатива и БЕСА.

Измените на Изборниот законик во Собранието беа поднесени откако завчера лидерите на двете најголеми партии во државата СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, ЗоранЗаев и Христијан Мицковски постигнаа финален договор во однос на употребата на фингер принтот на Локалните избори. Тие исто така за одложување на пописот, кој, како што кажаа, би требало да се одржи во периодот од 5 до 30 септември и поради тоа ги пролонгираа и локалните избори за втората половина на октомври.

Според информациите од пратеничките групи, во измените на Изборниот законик доставени до Собранието се содржани условите за гласање со терминалите за отчитување на отисок од прст, процедурите и постапките како да постапат изборните органи доколку терминалот и резервниот терминал не работат.

Измените содржат и предлог за промена на терминот на локалните избори. Тие најверојатно би се одржале на 24 или 31 октомври.

Договорот за употреба на фингер принтер на локалните избори претходно беше постигант на ниво на работни групи на пратеничките групи.

ДИК, како што изјави нејзиниот претседател, Александар Даштевски, го очекува изгласувањето на овие измени на Изборниот законик за што поскоро да ја почне постапката за набавка на терминалите и за создавање услови за спроведување на ваков тип избори.