Реми на Сент Мери – бодот како пораз за Манчестер Јунајтед

847

Саутемптон и Манчестер Јунајтед одиграа пеколно прво полувреме, каде постигнаа по два гола, но затоа во вториот дел и двете страни беа инфериорни за постигнување голови.

Светците вечерва имаа фуриозен старт, до 20 минута веќе имаа водство од 2:0, а Јунајтед беше во тотален шок на почетокот.

Армстронг постигна гол за почетно водство во 11. минута а Соарес во 20 зголеми на 2:0.

Јунајтед мораше да се помачи за да се врати во натпреварот. Прво преку Лукаку намалија на 2:1 во 33. минута, а Андер Ерера шест минути подоцна носи изедначување на 2:2.

Овој резултат беше буквално и конечниот, бидејки и покрај шансите на двете страни, во вториот дел немаше голови, па бодовите беа поделени, а скоро сигурно е дека овој резултат помалку му одговара на Јунајтед, кој денеска имаше победа како императив.